Македонија ќе го намали присуството во Авганистан на 12 проценти од сегашниот состав
Република Македонија ќе остане со намалено присуство на свои војници во Авганистан и по завршувањето на ИСАФ-мисијата на крајот на оваа година, но и со 12 проценти од сегашнтие 152 војници во ротација. Нашата змеја ќе остане меѓу најголемите контрибутори според глава на жители.
Ова, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, го потврди министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој учествуваше на попладневниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-сојузници на Алијансата, генералниот секретар Јенс Столтенберг и првите луѓе на Авганистан, на кој се разговараше за новата мисија „Одлучна поддршка“, што почнува од 1 јануари следната година.
- Ова беше прв состанок во формат во кој учествуват земјите-членки во ИСАФ-мисијата и во кои би требало да бидат дел од понатамошните напори за поддршка во Авганистан. На овој состанок беа присутни и претседателот и премиерот на оваа земја и тие дадоа политичка оценка за тоа што очекуваат во Авганистан по спроведените избори. Клучните прашања што во моментов се поставуваат е колкаво ќе биде военото присуство по завршувањето на ИСАФ-мисијата, односно по Нова година и кој ќе може и колку да придонесе во финансискиот дел, посочи Попоски во изјава за МИА по средбата.
Од македонска страна, според шефот на дипломатија, било значајно да се слушне дека поголемиот број од земјите остануваат ангажирани, сега во новата мисија „Одлучна поддршка“. Значајни, како што истакна, биле безбедносните проверки што ги дале различните фактори и во рамките на ИСАФ-мисијата и во рамки на она што понатаму треба да следува.
- Од наша страна, значајно беше да ги слушнеме овие аргументи за носењето на понатамошните одлуки и конечно заокружување на овој процес во кој Македонија беше еден од најголемите контрибутори по глава на жители. Во моментов се уште се води дискусија околу двете компоненти. Едната е военото присуство во пост-ИСАФ мисијата и тука постои поддршка од страна на сите земји-учеснички во досгеашната мисија во Авганистан, а тоа е да има многу намалено учество, но сепак да има воено присуство и по крајот на оваа година. Второ е финансискиот дел и тука финасиски помоќните држави се тие од кои се очекува да дадат придонес за финансирање на активностите во Авганистан, додаде Попоски.
За тоа дали се вистински информациите дека идната мисија во Авганистан, во вкупно учество на луѓе ќе биде десет проценти од сегашната и дали е вистина дека главната дебата во НАТО се води околу тоа што ниту десет проценти од сегашните над 13 илјади војници, не може да се собере за да започне мисијата “Одлучна поддршка”, македонскиот министер за надворешни работи рече дека проценката е околу 12 отсто од досегашните мировници да останат во Авганистан.
- Во моментов, проценките се дека околу 12 проценти од тоа што досега го имаше (точно 13.336 војници во ротација) би било во воено присуство во Авганистан. Секој придонес им е значаен на сојузниците за да се обезбеди континуитет во присуството. Но, во овој дел најзначајно ќе биде колку оние оптимистични оценки што ги слушнавме денеска од страна на авганистанското водство и на луѓето на терен, впрочем ќе бидат преточени на терен. Врз основа на тие оценки ќе треба да бидат носени и следните одлуки, појасни Попоски.
За тоа дали Македонија ќе остане како и досега, со 152 војници во ротација присутна во Авганистани и од 2015 година, шефот на дипломатијата на Република Македонија со потврда дека ќе се намали и македонското учество, но дека и понатаму ќе биде меѓу најголемите според глава на жители на змејите-учеснички.
- Во моментов ќе биде многу помало македонското учество, т.е. присуството по крајот на оваа година во Авганистан и трансформацијата од ИСАФ во „Одлучна поддршка“. Но, во релативен однос, по глава на жители, Македонија секогаш била меѓу најголемите пет или шест учесници или контрибутори, во оваа мисија, рече Попоски.
Македонскиот министер останува во Брисел, бидејќи утре, на покана на американскиот државен секретар Џон Кери, во седиштето на НАТО ќе учествува во дебатата за борбата против терористите од т.н. Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИЛ).
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа