Какво ќе биде времето утре?
Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, а особено ќе бидат застапени попладне во јужните и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од девет до 13 степени.
Во Скопје слично време, облачно со повремен слаб дожд и со слаб ветер од источен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
Во четврток и петок во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето, а од петок кон крајот на денот се очекува нов влажен бран.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа