Спогодба за укинување на визи меѓу Македонија и Виетнам
Заменик министерката за надворешни работи Драгана Кипријановска денеска имаше средба со својот колега од Виетнам, Ву Хонг Нам.
На средбата, како што соопшти Министертсвото за надворешни работи, биле разменети мислења за билатералната и мултилатералната соработка, развивање на парламентарната соработка, како и за актуелните меѓународни и регионални прашања.
Заменик министрите за надворешни работи на двете земји ја потпишале Спогодбата за укинување визи за носителите на службени и дипломатски патни исправи.
Посетата, според МНР, претставува силен импулс за натамошно продлабочување на пријателските односите меѓу двете држави и двата народи, пред се на економски план.
Делегација од Социјалистичка Република Виетнам предводена од заменик претседателот Нгујен Ти Доан денеска претстојува во официјална посета на Република Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа