МОН ќе додели 2905 стипендии

 

Министерството за образование и наука за академската 2014/2015 објави конкурс за 2905 стипендии за студенти. 1500 стипендии ќе бидат доделени за студентите од социјални категории, 630 за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки, 125 за студенти по информатика, 650 стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и медицинските науки.

Условите кои треба да ги исполнуваат студентите се да бидат редовни студенти, да немаат повторувано ниту една година во текот на студирањето, да не користат стипендија од друга институција и да се државјани на Р.Македонија.

 -Покрај општите услови за секој тип на стипендија има дополнителени услови кои секој од кандидатите мора да ги исполни за да се стекне со правото на користење на паричен надоместок во вид на стипендија, истакна министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Сите подетални информации заитетерсираните кандидати може да ги добијат на порталот stipendii.mon.gov.mk каде што е доставена електронската пријава.

Адеми упати апел до сите студенти кои се уште не аплицирале по електронски пат тоа може да го направат  до 4 декември оваа година.

-Докумнетите студентите треба да ги поднесат до МОН од 15 до 30 декмври, а резултатите ќе бидат објавени на порталот stipendii.mon.gov.mk на 3 февруари 2015 година, посочи Адеми.

Тој потенцираше дека целиот процес ќе биде транспарентен  и објективен и стипендиите ќе завршат во рацете на оние  студенти кои ги исполнуваат условите.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега