Миладиновци ќе добие нова амбуланта

 

Општина Илинден во соработка со Министерството за здравство и ЗЗМД - Здравствен дом Скопје, почна со активности за реализирање на проектот „Изгрaдба на нова Јавна здравствена установа – Амбуланта во населено место Миладиновци“.

За таа цел општината распиша отворен повик за изработка на Основен проект и ревизија за изградба на објектот Јавна здравствена установа–Амбуланта во населено место Миладиновци, каде што ќе се инкорпорираат и почитуваат сите важечки законски одредби, прописи и стандарди за градба на ваков објект од областа на здравството.

Локацијата на новата амбуланта ќе се наоѓа на местото на постоечката амбуланта која што е во многу лоша состојба и не ги задоволува потребите на граѓаните.

Рок за поднесување на понудите е 04.12.2014 година.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега