ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да ја затскрие површноста на доказите и се фокусира кон манипулација

 

Повикот на СДСМ да не се гледаат и да не се посветува внимание на снимките, кои самите тие ги пласираат преку своите медиуми говори за нивниот аматеризам, но и за нивниот концепт на работа, концепт на манипулации, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Фросина Ременски од СДСМ.

- СДСМ прво го повика МВР да реагира, а сега кога МВР отпочна процедура за проверка и утврдување на веродостојноста на фактите, вика оставете ги материјалите “МВР и Јанкулоска да не бараат да водат истрага, туку Обвинителството е должно тоа да го прави”. Со ова СДСМ сака да ја затскрие површноста на доказите и се фокусира кон манипулација. СДСМ со ова се вади од кашата во која сами се заплеткаа. Со ова СДСМ покажува дека се подготвени на се, па дури и со снимки и фотографии кои предизвикуваат потсмев, само за да извлечат некаква политичка корист, стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ, се додава во соопштението, очекува дека надлежните инстутуции ќе ги утврдат фактите и ќе придонесат за расветлување на сите околности околу случајот кој беше посочен.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега