Пуштен во употреба нов пат помеѓу кавадаречките села Ресава-Бегниште

 

Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска, директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски, претседателот на Советот на општина Кавадарци  Горица Пеливанова-Вилхелм, како и жители на селата Ресава и Бегниште, денеска присуствуваа на пуштањето во употреба на  новиот локален  пат кој ги поврзува кавадаречките села Ресава и Бегниште во близина на Тиквешкото Езеро. 

- Патот е долг 4.4 километри, а широк  5,5 метри,  инвестициската вредност е 37,5 милиони денари.  Сега овој крај од Тиквешијата е поврзан со одлична патна инфраструктура по која ќе се одвива целокупната комуникација на жителите на Бегниште и Ресава, но и на голем број граѓани од Кавадарци кои овде имаат свои имоти, главно лозја. Во тој правец можноста за изградба на домашни мини винарии, за што има интерес кај неколку субјекти, рече градоначалникот на Кавадарци Александар Панов

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега