Пронајден исчезнатиот македонски бранител - што се случило?

 

Претседателот на Здружението на бранители на Куманово, Предраг Петрушевски-Бинго кој утринава беше пријавен во полиција за исчезнат е здрав и жив. Пронајден е во неговата викендица како одмара.

Информацијата за неговото исчезнување ја пренесе порталот Инфомакс, повикувајќи се на информација од неговите роднини дека Бинго не се појавил дома од вчера а бил недостапен и на неговиот мобилен телефон. 

Предраг Петрушевски-Бинго е истакнат активист и претседател на Здружението на бранители од 2001 година. 

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега