„Каренина made in Macedona“ вечерва пред битолската публика

 

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Каренина made in Macedonia“ според текстот на Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски.

За прв пат во историјата на битолскиот театар, на матичната сцена ќе биде одиграно дело на македонскиот писател и драматург Венко Андоновски, најави дирекротот на НУ Народен театар-Битола, Валентин Светозарев.

- Оваа успешна сезона ја завршуваме на најдобар можен начин, со премиера која за нас претставува голем спектакл. Станува збор за праизведба на нов текст и прво претставување на Андоновски со свое дело во Битола, и затоа што режисер е Дејан Пројковски чии претстави во моментов се играат од Хрватска до Русија, истакна Светозарев.

„Каренина made in Macedonia“ е македонскиот женски Хамлет. Самата претстава ја донесува Ана Каренина во Македонија и на тој начин ја раскажуваме големата приказна што се случува меѓу нас, посочи режисерот Пројковски во пресрет на вечерашната премиера.

Главната улога, ликот на Каренина го игра Илина Чоревска, а на сцената ќе настапат 14 актери, меѓу кои и Петар Горко, Катерина Аневска, Соња Михајлова, Огнен Дранговски и други. Костимографијата е на Благој Мицевски, сценографијата ја подготви Валентин Светозарев, музика Горан Трајковски, а специјалните макети ги изработија Горан Спасевки и Драган Анѓелковиќ. 

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега