Со Депонија започнува Зимска филмска програма

 

Во  рамки на „Зимската програма“ на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ вечер во „Ку-ла“ ќе се одржи проекција на документарниот филм „Депонија“. 

Филмот „Депонија“ (Waste land/ Lixo Extraordinario) е англиско-бразилска копродукција (2010) во режија на Луси Вокер. Станува збор за документарец кој зборува за рециклирањето, но е и нешто повеќе од обичен еколошки филм, а сето тоа е монтирано на музика на Моби. 

Сниман во текот на речиси три години, филмот „Депонија“ го следи реномираниот фотограф Вик Муниз и неговата работа на најголемата светска депонија „Жардим Грамачо“, лоцирана на периферијата на Рио де Жанерио. Таму тој фотографира една еклектична банда на катадорес - самопрогласени собирачи на рециклирачки материјали. Иницијалната идеја на Муниз е да ги „наслика“ катадорес со ѓубре. Филмот сведочи за трансформирачката моќ на уметноста и алхемијата на човековиот дух.

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега