Спасов: Се создаваат услови за отворање пензионерски дом во општина Петровец

 

Како резултат на активностите на Владата за поттикнување на приватните инвеститори да градат старски домови се создаваат услови за отворање ваков дом на територијата на општина Петровец, во Катланово, информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

- Во интензивна комуникација сме со општина Петровец во насока на создавање услови за приватен инвеститор да инвестира во изградба на старски дом во општина Петровец. Издадовме слободен објект кој брзо ќе се даде на продажба со намена за отворање на старски дом во населеното место Катланово. Ввеќе има тројца инвеститори коишто се заинтересирани да инвестираат и во овој дел, рече Спасов одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на повеќенаменското игралиште во Ржаничино.

Локацијата, рече, е на погодно место во населеното. За неа заинтересиранирте се обратиле и до МТСП и до општина Петровец.

- Верувам дека сите тие ќе аплицираат на повикот којшто ќе го објавиме за продажба на локацијата и објектот којшто ќе им се стави на располагање, рече министерот за труд и социјална политика.

Очекува овој јавен повик за продажба на локацијата да биде објавен на почетокот на 2015 година, аво текот на 2015 или најдоцна 2016 и во општина Петровец да има модерен и современ старски дом со кој, како што потенцира, дополнително ќе се подобрат условите за згрижување на највозрасните граѓани во РМ.

Министерот појасни дека ова е дел од проектот на Владата на Република Македонија и МТСП за поттикнување на приватните инвеститори да отворат старски домови.

- Ова е дел од низата поволности коишто како Влада ги донесовме,  од 1 евро почнавме по метар квадратен за локација за изградба на старски дом и приватна градинка до намалување на 95 проценти на комуналиите за изградба на ваков објект, како и поволните кредитни линии преку Македонската банка за поддршка на развојот и учество во активните мерки за вработување преку Агенцијата за вработување, рече Спасов.

Досега, информира, се отворени 16 приватни старски домови, веќе два се во фаза на изградба и продадени се две локации во општина Илинден и во општина Аеродром за изградба на вакви старски домови. 

 

 

Оцени ја веста

29.11.2014 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега