За 11 месеци девет случаи на заразени со ХИВ вирусот

 

Триесет и девет случаи на ХИВ/СИДА, се регистрирани во изминатите 11 месеци, а од нив 16 се болни, а 23 се носители на вирусот, пренесува 24 здравство. Ова се податоци од ИЈЗм според кои дури 37 се мажи, а две се од женски пол.

Годинава се регистрирани три смртни случаи од Сида, а според местото на живеење од Скопје се 20 лица, Свети Николе 2, Куманово 3, Тетово 1, Струмица 1, Штип 3, Кочани 4 лица, Кавадарци 2, Прилеп 2 лице и 1 лице е странец..

Според возраста, две лица се на возраст од 10 до 19 години, четворица над 60 години, а во групата од 20 до 29 години биле 16 лица, од 30 до 39 години починале 14 лица, а од 40 до 49 години три лица се заразиле со хив вирусот.

Алармантно е што 25 од новите случаи се заразиле при сексуален контакт на маж со маж(МСМ), 10 со хетеросексуален начин на пренос, едно лице кое инјектира дрога и тројца со непознат начин на трансмисија.

 

 

Оцени ја веста

29.11.2014 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега