Со точни три од пет прашања си го положил државниот испит

 

Засега нема официјален документ со кој ќе се најави полагањето на државнито испит во високот образование, но основните начелни идеи се дека истиот би започнал да се воведе во 2017 година, а целта е да се обезбеди минимално знаење за студентот односно да добие шестка.

За тоа да стане реалност, студентот ќе мора од вкупно пет прашања да обезбеди точен одговор на три од нив.

Доколку не успее во тоа ќе има можност да полага неограничен број пати, се додека не успее да добие шестка. Доколку одбие да полага нема да може да продолжи со студиите.

Испитот ќе се полага на компјутер. Министерот Абдулаќим Адеми најави дека, трипати полагањето ќе биде бесплатно, четвртиот пат ќе се плаќа по 100 денари, петтиот - 1.000 денари, шестиот пат 3.000 денари итн. Максималната сума може да достигне 12.000 денари. 

Од друга страна наставниците според ваквите начелни идеи за државен испит не би сносиле никакви последици и одговорност. 

 

 

 

Оцени ја веста

29.11.2014 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега