Попоски на 15. Самит на Франкофонијата во Дакар

 

Во наредните два дена министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе земе учество на 15. Самит на Франкофонијата посветен на темата “Жените и младите, вектор на мирот и развојот“ што се одржува во Дакар, Република Сенегал.

На маргините на Самитот е предвидено министерот Попоски да оствари повеќе билатерални средби со шефовите на делегациите од земјите членки на франкофонскиот свет распространет на петте континенти.

Македонија е полноправна земја членка на меѓународната организација на франкофонијата од 2006 година споделувајќи го францускиот јазик и вредностите заедно со преостанатите 76 земји членки и набљудувачи на втората по големина светска меѓународна организација.

Овој висок форум, како што соопшти Министерството за надворешни работи, се состанува на секои две години. 

 

 

Оцени ја веста

29.11.2014 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега