ГШ на АРМ се огласи за убиецот од Злетово
До Министерството за одбрана односно до Генералштабот на АРМ пристигнала официјална информација од МВР за кривична пријава за насилство покрената против професионалниот војник Драган Маноилов, по што осум месеци, односно од јуни 2013 до февруари 2014 година, тој не е одредуван да извршува стражарска служба, иако од стручен аспект бил примерен војник, информираше денеска портпаролот на ГШ на АРМ, Мирче Ѓоргоски.
Тој посочи дека веќе е формирана Комисија во која покрај стручни лица членува и психилог и треба да донесе заклучок по испитувањето на немилиот настан.
- Нашите информации зборуваат дека чинот на кој се одлучил е предизвикан со нешто, можеби со некаква информација што ја добил. На 24 ноември извршувал должност без проблем и немало никакви знаци кај него дека е растревожен, рече портпаролот на ГШ на АРМ, додавајќи оти припадниците на Армијата додека се на стражарско место немаат право да носат мобилен телефон, туку само средство за врски од АРМ.
Инаку, за време на конфликтот во 2001 година Маноилов не бил распореден во единица за логистичка поддршка и не бил изложен на некаков стрес.
Според невропсихијатарот во Воено-медицинскиот центар и за приемот во службата на АРМ, и пред упатување и по враќањето од мировната мисија ИСАФ во Авганистан во 2013 година не е констатирана никаква патологија односно дека има одредени проблеми. Психолог од Воено-медицинскиот центар денеска тврдеше дека конзилијарното мислење од тројца психолози за Маноилов е дека нема никакви индикации, напротив се покажале одлични резултати.
- Пост трауматскиот стресен синдром е заболување кое е блиско поврзано со некое непријатно психолошко доживување односно стрес од различен вид и тој стрес ја загрозува физичката или психофизичката рамнотежа на лицето кое е изложено на стресот, појасни невропсихијаторот од Воено -медицинскиот центар, додавајќи оти стресот не е акутна реакција, туку е одложена реакција која може да се јави по неколку недели до 6 месеци и траат најмалку еден месец.
Инаку, болната љубомора или сомнежите за неверство најверојатно се причините поради кои професионалниот војник Драганчо Маноилов тргна во крвавиот пир низ Злетово и уби три лица, а потоа си го одзеде животот бесејќи се. По убиството си го одзема животот со бесење.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа