Ново од Пекабеско - јогурти Пекабела
Пекабеско ја прошири својата палета на производи. Од неодамна на пазарот можат да се најде јогурт под брендот Пекабела
Јогурт со 2,8% млечни масти и јогурт со 0,5% млечни масти се дел од новата палета на производи на Пекабеско.
Од компанијата велат дека на ваков чекор се одлучиле следејќи ги потребите на пазарот и вкусот на потрошувачите.
„Пекабеско е компанија со 42 годишна традиција. По повеќегодишни истражувања на пазарот, минатиот месец започнавме со продажба на нови млечни производи. Нашата компанија ги следи потребите и навиките на потрошувачите и секогаш сме подготвени да пласираме производи со одличен квалитет, а истовремено со достапни цени“, велат од Пекабеско.
Од компанијата најавуваат дека тековно се работи на отворање на нови линии во делот на редовното производство, а уште нови производи набргу ќе се најдат на домашниот и регионалните пазари.
Покрај овие два типа на јогурти, Пекабеско ја зголеми својата Пекабела линија и со две млека со 3,2 и 1,6% млечни масти, како и растителен крем Кремабела.
Павлаката Пекабела, заедно со кашкавалот Ирко, остануваат на пазарот како едни од најпродаваните Пекабеско производи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа