Актерот Кили си замина од Македонија

 

Актерот Кирил Поп Христов Кили си замиа од Маедонија. Како што пишува Утрински весник тој се наоѓа во Еквадор заедно со своето семејство за да може без проблеми со законот, својата сериозна болест да ја лечи со марихуана.

„Јас го садев моето здравје и за да го комплетирам и забетонирам моето здравје јас ќе отидам во простор каде што нема да ми прават опструкција и нема да ми упаѓаат во рани утрински часови да ме вадат од памет и да ме заустават од комуникација со светата ми билка која живот ми даде. Затоа морам да се тргнам“, изјави Поп Христов во своето прво и последно интервју по пресудата, кое го имаше во емисијата „Во недела попладне“ на ТВ Алфа. 

Весникот пишува дека Кили Морал да продаде недвижен имот и да се пресели во оваа земја.

На социјалните мрежи можат да се видат фотографии од неговото семејство

 

Кили пред повеќе од една година беше фатен со марихуана која ја одгледувал во подрумот на својата викендичка. Иако се правдаше дека ја користел за медицински причини, судот му даде една година затвор која актерот си ја одлежа.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 00:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега