Заврши седницата со пратенички прашања

 

За 2008-2014 година од ИПАРД програмата за развој на земјоделството се одобрени 65 милиони евра. Искористувањето на овие сдредства не е на задоволително ниво и затоа како Министерство ги правиме сите напори овие фондови да бидат што поискористени, меѓу другото и со организирање трибини за информирање на земјоделците како да ги иоскориста овие средства, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

- Огласот за овие средства е распишан кон крајот на октомври и се уште е отворен, а Министерството ќе им помогне во изготвуивање на апликациите, рече Цветков на прашање на Нола Исмаиловска.

Во врска со отворање продавници за вино, министерот Цветков рече дека Платежната агенцција има распишано оглас на кој може да се јави секој заинтересиран и доколку апликантот ги исполнува условите може да отвори таква продавницата. При тоа државата, односно Платежната агенција субвенционира до 1,2 милиони денари за продавница.

На прашање од пратеничката Светлана Карапетрова, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски рече дека за доградбата на училиштетото во с.Палише, изработена е документацијата и во тек се подготовките за отпочнување со градба.

За предучилишно згиржување на децата во општина Јегуновце, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов рече дека е утврдена е потреба од изградба на нов објект за детска градинка, а денеска се одржа и електронска аукција за негова изградба. Очекува следниот месец да се потпише договор за изградба, а објектот да биде готов во втората половина на 2015 година. - Проектот е дел од Владиниот проект за изградба на 40 детски градинки, рече Спасов.

Министерот Цветков, на прашање од пратеникот Муса Ибраими, информира дека оваа година се очекува производство од над 25 илјади килограми тутун, којшто целиот ќе биде извезен. Во однос на субвенциите за тутунот, тој рече дека имало застој на исплатата на субвенции бидејќи оваа година се одржаа избори и податоците поднесени до 26 фавруари се исплатени, а од тој период наваму имаше застој. - Сите средства и за оваа цел се обезбедени од Платежната агенција и ќе бидат иплатени во најбрз можен период, рече Цветков.

 Тој најави дека ќе одржат разговори со откупните компании и со тутунарите за надминување на проблемот со одалеченоста на откупните пунктови. Во текот на седницата информира дека се завршени и сите подготовки за откуп на тутунот од годинашнава реколта.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за случаите со напади врз ЛГБТ заедницата, односно кафебарот „Дамар“, рече дека политиката на недискриминација и на осуда на насилството е политика по која се води Министерствто при своето постапување. За дел од случаите рече, веќе се расчистени, а во однос на последниот инцидент во кафебар Дамар, МВР, додаде, веднаш излегло на местото на настанот и извршило увид максимално професионално, но за жал на почетокото на истрагата изгубиле време поради неподготвеност на оштететните целосно да соработуваат со истрагата.

- Успеавме да воспоставиме контакт и да добиеме информација од оштететените, кои се доставени до обвинтелот. Од наши сознанија од Обвинителство се максимално посветени на расчистување на случајот. Ниту едно насилство не смее да биде прифатено и толерирано, институциите се целосно посветени на расчистување на обвој инцидент, рече Јанкулоска апелирајќи за целосна соработка од оштететните заради санкционирање на сторителите.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на прашање од пратеникот Павле Саздов информира дека согласно потпишаните договори за социјално и за пензиско осигурување со канадските власти, во 2014 година од канадските органи за социјално осигурување поднесени се вкупно 7 барања за пензија, од коим пет се решени, додека од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија до канадските органи за социјално осигурување поднесени се вкупно 40 предмети за пензија од кои за 22 е потврден стажот и се донесени решенија од кандаскиот орган за социјално осигурување. За останатите постапката е во тек. Во однос на барањата за потврдување на пензиски стаж од Канада доставени се четири барања за кои се уште не е завршена постапката во ПИОМ, заради недостиг на податоци за стаж, појасни министерот Спасов.

Тој додаде дека реализацијата на овие предмети од страна на македонските власти се одвива со солидна динамика. - Имаше поголем застој на предмети во рамки на Договорот за социјално осигирување со Австралија на почетокот на неговата примена. Но застојот е решен и е доведен во рамки на редовно решавање на предметите не повеќе од еден месец, појасни Спасов.

Изминатите години во насока на создавање правилни услови за нормален живот на децата без родители и родителска грижа, тој на прашање од пратеничката Лилјана Поповска изјави дека за овие личности обезбедени се 134 социјални станови. Дополнително поделени се уште 17 станови од страна на Комисијата на Владата за намена на станови за деца без родители и родителска грижа.

- Набрзо очекуваме да бидат распределени уште 29 станови ширум РМ  и тоа шест во Скопје, шест во Струмица, два во Гевгелија, два во Велес, шест во Битола, два во Кратово, четири  во Штип и еден во Радовиш. Тоа значи уште 29 станови коишто ќе бидат ставени на располагање за овие категории на лица во РМ што е дополнителен исчекор и дополнителна мерка со која што се подобрува правилниот развој на овие личности. Со тоа проектите коишто се насочени за децата без родители и родителска грижа во РМ продолжуваат во насока на зголемување на поддршката од страна на државата, рече Спасов.

Запрашан од пратеничката Слаѓана Мицовска, заменик министерот за економија Хрисијан Делев информира дека во регионот на Крива Паланка имат издадено концесија за детални геолошки истражувања на локалитетот Луке на странска компанија. Овие истражувања се завршени, а компанијата концесионер има доставено до Министерството за економија проект за започнување на експлоатација на рудникот. - Очекуваме набрзо да потпишеме договор за експлоатација со оваа компанија и од следната година активности на терен, односно експлоатација на рудникот. Ова е поголем проект и очекуваме повеќе од 200 враборувања во овој регион, рече Делев.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 18:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега