По осум години повторно ориз на полињата во Зрновско

 
Со санацијата на левиот магистрален канал од Хидро системот  Брегалница, којшто е оспособен за дистрибуција на вода за наводнување на површините од јужната страна на река Брегалница, создадени се услови во општина Зрновци повторно да се сее ориз.
 
- Ваквата поволност ги поттикна земјоделеците од Зрновско повторно да го планираат оризот во сеидбените планови за наредната година.Тоа ќе овозможи подобрување на доходовноста и економската состојба кај нив, истакна Добре Митев претседател на Водната заедница од Зрновци.
 
Според Митев, во сеидбените планови за 2015 година во општина Зрновци е планирана сеидба на 337 хектари под ориз.
 
По пауза од осум години оризовите полиња во Зрновско повторно ке бидат насеани со ориз. 
 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 14:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега