Осудените во Монструм бараат пред време да одат во затвор

 

Фејзи Азири, Хаки Азири и Агим Исмаиловиќ, осудени во случајот Монструм, можат веднаш да ја издржуваат затворската казна. Тие неодамна како што дознава Канал 5, побарале да одат во ќелија уште предправосилноста на пресудата.

- Тројца од обвинетите ќе одат на издржување казна затвор. Тие се обратија со до Судот каде што сакаат уште пред правосилноста на пресудата да бидат однесени во затвор, вели потпаролот на Основниот Суд Скопје 1, Паула Божиновски.

Судот го уважил барањето и решенијата се изготвени.

Фејзи. Хаки и Агим се осудени на доживотен затвор за масакрот кај Смилковското Езеро кој се случи на 12 април во атарот на селото Смилковци. Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбатаРадишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега