Штрајкот направи прекин на железничкиот сообраќај Гевгелија-Солун

 

Патничкиот железнички сообраќај на релацијата Гевгелија-Солун-Гевгелија, утре ќе биде прекинат поради најавениот еднодневен штрајк на членовите на Грчката федерација на железничарите.

Од МЖ Транспорт информираат дека се преземени сите мерки патниците кои утре ќе патуваат со возот од Скопје кон Солун воопшто да не почувствуваат дека има застој во сообраќајот. Од железничката станица во Гевгелија, патувањето кон Солун ќе го продолжат со автобуси.

На ист начин патниците ќе бидат превезени и од железничката станица во Солун до Гевгелија од каде што патувањето назад кон Скопје ќе го продолжат со воз.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 13:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега