Немало реекспорт од Македонија во Русија

 

Целиот извоз од Македонија за Русија на земјоделски производи се состои од македонски производи: Ова го констатирала Владата на вчерашната седница, истакна министерот за економија Беким Незири во одговор на прашање по доделувањето на наградите на бизнис натпреварот „Биди перспективен, започни свој бизнис“.

Тој посочи дека комисијата задолжена за испитување на обвинувањата од руска страна за реекспорт на европски земјоделски производи од Македонија во Русија вчера пред Владата го доставила извештајот според кој сите македонски компании извезувале само македонски земјоделски производи во Русија и воопшто не го прекршиле законот.

- Нашите заклучоци ќе ги доставиме до Руската Федерација за да се направи споредба со нивните и очекуваме во најскоро време овој случај да биде затворен, истакна министерот Незири.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 12:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега