Зголемен бројот на живородени деца
Бројот на живородени деца во третиот квартал од годинава, во споредба со истиот период лани, е зголемен за еден процент и изнесува 6.377, велат податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика.
Во третото тримесечје од годинава имало 4.555 умрени лица, што споредено со истиот квартал од минатата година претставува намалување за 0,7 проценти. Од вкупниот број умрени 71 се доенчиња.
Природниот прираст изнесува 1.844 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
Во третиот квартал годинава се склучени 4.392 брака, за 0,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од минатата година.
Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување во споредба со истиот период од 2013 година и нивниот број изнесува 506.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа