Родители внимавајте: Рекорден е бројот на болни деца во Македонија

 

За време на викендот дури 278 дечиња биле третирани  во Ургентниот центар на Клиниката за детски болести.

Според директорката на клниката Аспазија Софијанова, ова е рекордна бројка на болни деца. Од температура до дехидратација. Дел биле само прегледани, но дел и хоспитализирани поради сериозност на клиничката слика.

-Според извештајот на дежурните во Ургентен, изминатите два дена доминирале стомачни инфекции со проливи и повраќања кои доведувале и до дехидрирање кај децата па дел биле и задржани на клиниката. Според др. Софијанова во овој дел лекарите с епосебно внимателни бидејќи стомачните болки, односно вирозите кај децата често поминуваат во бактериоза. За големиот број на болни, според Софијанова влијание има и променливото време како и аерозагадувањето кое негативно влијае кај децата. Влијание има и храната па затоа препораката на педијатрите е што повеќе здрава исхрана, пренесе Zdravstvo 24.

Преполно е и во болницата за белодробни заболувања кај децата – Козле. Имаат тројно повеќе хоспитализирани пациенти од предвидените, односно, расположливите капацитети. Ако треба 34, во Козле има 98 болни деца кои лежат во болница

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега