Не е само Скопскиот фестивал - се местеле и Валандово и Цветници?
Истрагата за местење фестивали продолжува и во сферата на народната музика. ТВ Алфа, повикувајќи се на свои извори, открива дека истрагата за местенки се проширува на реномираните фестивали Валандово и Цветници кои завршија пред скандалозниот Скопски Фестивал.
Причина повеќе за сомнежот дека осомничените кои според МВР вмеша прсти во телевоутингот за избор на песна за Евровизија, влијаеле и на пласманот на други фестивали, е фактот што во собраните докази при претресот во двата стана каде се вршеше групното координирано гласање биле пронајдени цели списи и извештаи за еден фестивал на народна музика кој не се одржува во Скопје.
Мотивот на осоминичените најверојатно и во овие два случаи бил ист односно да дојдат до 35 те илјади евра што како награди се доделуваа на овие два фестивали.
За скопскиот фестивал Министерството за култура оддели 45.000 евра за првите три награди, според МВР целта на осомничените била да дојдат до парите со тоа што ќе го наместат телефонското гласање.
Засега нема индиции дека сомнителните гласови биле за привите три места на Скопскиот фестивал, а истото го потврдиле и 14 малолетници кои во полиција и пред надлежниот обвинител кажале дека им било наложено да гласаат за други двајца изведувачи.
На 12 ноември, по завршувањето на Скопскиот фестивал, на сцена стапи полицијата. Осомничи продуцент, автор – композитор, пеач и сопственик на фирмата која го организирала телевоутингот, дека вијаеле на гласањето на фестивалот. Истата вечер, на две локации во Скопје, МВР откри уште 14 главно малолетни лица на кои им биле дадени 2500 сим картички, за да гласаат по дадени инструкции.
Оцени ја веста
24.11.2014 - 22:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа