Груевски: Реисот Реџепи треба да ги почитува верниците од секоја етничка заедница
Најмалку е значајно што Реисот Сулејман Реџепи го навреди ВМРО-ДПМНЕ, многу е голема и важна неговата јавна навреда на чувствата на граѓаните Македонци со муслиманска вероисповед.
Ова го истакна вечерва премиерот Никола Груевски, во своето гостување во дневникот на Сител. Груевски оваа колумна ја нарече голема грешка.
-Маедонците со муслиманска вероисповед постоеле многу одамна. Многу пред ВМРО-ДПМНЕ. Јас го почитувам Реисот, ние сме комуницирале во дијалог и сме решавале многу прашања. Имам кон него имам почит како кон лидер на верска заедница. Но тоа што тој го направи е најмалку значајно што е навреда и клевета за ВМРО-ДПМНЕ, туку е навреда на чувствата на Македонци со муслиманска вероизповед. Тој се претстави како партиски, политички лидер, а треба да е верски лидер. За него сите граѓани од било која верска исповед треба да имаат иста почит. Сите да ги гледа со исти очи. Тој има висока доза на етнички национализам која е очигледан. Не води тоа кон добро, испраќа лоши пораки, рече Груевски.
Премиерот сепак посочи дека се надева дека Реисот ќе ја исправи грешката и ќе им се извини на граѓаните.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа