„Со државниот испит ќе се стави крај на незаслужените 10-ки“
Екстерно тестирање во високото образование не се планира и нема да има. Премиерот Груевски стави крај на манипулациите кои деновиве од одредени структури проструија низ јавноста.
-Екстерното тестирање е она што го знаме од основните и средните училишта. Тоа е за наставниците, дали дале реална оцена на ученикот. Ако наставникот дал 5-ка, а ученикот знае за тројка или ако наставникот дал 2-ка, а ученикот знае за 5-ка, тогаш тој губи бодови и може да дојде до онаа мала група на ранг листата која до крајот на годината може да биде парично казнета. Тука фокусот е на наставникот за да дава реална оцена на ученикот. Кај државниот испит, фокусот е друг. Тука професорот нема никаква врска. Нема ни казна, ниту никакви реперкусии за професорите. Фокусот е на тоа да има осигурување дека студентот научил најмалку за 6-ка. Да значи дека дошол до минимум знаење по сите предмети кои ги положил, рече Груевски.
Тој појасни дека станува збор за еден испит кој за да им се олесни на студентите се дели на два дела. Првиот дел се полага по полагање на сите испити од прва и втора година, а вториот дел по полагањето на испитите од трета и четврта година.
-Државата сака да се осигура дека студентите што завршуваат факултети навистина имаат барем минимално знаење за 6ка. Пва не го правиме случајно, туку затоа што во минатите 10-15 години се соочуваме со проблеми. Проблемите се тоа што на некои универзитети се даваат оценки без знаења. Зошто и како, на јавноста и е познато, тоа е веќе јавна тајна. Ние не можеме да останеме рамнодушни на тоа, рече Груевски.
Тој потсети дека првиот испит ќе се одржи во 2017-та година, за генерацијата која во 2015-2016 ќе започне со студиите. Затоа, рече, овие студенти кои сега протестираат и да сакаат не може да бидат опфатени со државниот испит.
Сумирано, главната цел на државниот испит е студентите на одредени универзитети да не можат да добиваат незаслужени високи оцени, што досега често беше пракса.
Целата изјава на премиерот на оваа тема, дадена во дневникот на Сител, погледнете ја во продолжение.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа