Продолжува грижата за најмалите - 40 градинки ќе се отворат низ Македонија

 

Согласно програмата на Владата на Р.Македонија на територијата во Р.Македонија е предвидена изградба на 40 нови детски градинки со капацитет за  згрижување на  860 дечиња.  Во рок од 6 месеци од како е донесена програмата скоро 50% од проектот е реалзиран односно  се започнати, завршени со работа, започнати и се чека на нивно отварњае 20 градинки низ Македонија.

Ова денеска го истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Тој истакна дека од страна  на МТСП веќе е изготвена план според кој  изградбата на овие градинки се категоризира во три групи и тоа ново изградени градинки,  граднки кои се резултат на проширување на самите просторни услови на веќе постоечките градинки  и отварање на градинки во веќе постоечки објекти кои ќе бидат преуредени.

Целата инвестиција за иградба на детските градинки чини 55 милиони денари  од кои најголем дел од иневестициите ги понесува Државата односно од Буџетот се извоени околу 40 милиони денари, а останатите средстава ги обезбедуваат единиците на локалната самоуправа.

 

 

Оцени ја веста

22.11.2014 - 13:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега