ФОТО: Во оваа штипска куќа ќе се чува македонската традиција
Познатата куќа на „Андонци" во штипско Ново Село, која е во фаза на реконструкција се очекува да биде готова за еден месец.
Оваа куќа која е типичен пример за старата македонска архитектура беше откупена од страна на државата за сума од околу 90.000 евра и доверена на Министерството за култура, кое преку Заводот Музеј започна со нејзина обнова.
Свеченото пуштање на реконструираната куќа-музеј во Ново Село се очекува да биде на Денот на градот, 19 декември 2014, односно на патронот на Штип, „Свети Никола". Од локалната самоуправа велат дека градежните зафати се очекува да завршат според предвиденото па затоа и отворањето на куќата-музеј е ставено во Предлог-Програмата за одбележување на Денот на градот:
- Освен ова, во Штип, поточно во Ново Село со ктиторство се градат две цркви. Првата е „Покров на Света Богородица" а втората е токму спроти оваа куќа-музеј која се вика „Свети Димитрие Солунски". Исто така општината од следната недела се очекува да започне со зафати за уредување на целата локација околу мостот во Ново Село, и на локацијата „Јавор" токму кај црквата и реновираната куќа. На тој начин целиот овој простор ќе добие нов и урбан лик, онака како што му доликува на легендарното Ново Село, вели Драган Ристов, советник за односи со јавност на локалната самоуправа во Штип.
Во Ново Село беше обновена и централната улица „Крсте Мисирков" при што беше отстранет дотраениот асфалт и заменет со стара коцка, за да се долови автентичниот лик на Ново Село, познат уште од турско време. Исто така финишита и пешачката патека до река Брегалница која води токму покрај патото каде се наоѓа куѓата-музеј и мини-плоштадот „Јавор". На почетокот на годината беше асфалтирана и обиколницата Ново Село која поминува токму тука.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа