Викенд временска прогноза: Температури до минус 3 степени

 

Во деновите од викендот пред нас се очекува претежно сончево време, пишува специјализираниот потал за временска прогноза, МетеоПро. 

Иако нема да ја достигнеме температурата која ја имавме минатата сабота, сепак овој викенд нема да се „смрзнеме“. Нешто постудено ќе биде наутро.

Сабота ќе помине во претежно ведро време, а ќе дува генерално слаб северен ветер.

Утрото ќе почне со минимална температура од 0°С до 4°С во котлинте, а на повисоките места таа ќе има вредност околу -3°С.

Преку ден се очекува температура која по котлините ќе има максимална вредност околу 12°С, во југоисточниот крај до 14°С, а на повисоките места до 9°С.

Недела ќе биде исто така сончева, но со мал слој на високи облаци на небото. Врнежи во никој случај не се очекуваат.

 

Утрото ќе биде повтотрно студено. Минимална температура од 0°С до 4°С се очекува низ котлинте, а на повисоките места таа ќе има вредност околу -2°С.
Преку ден се очекува температура која по котлините ќе има максимална вредност околу 13°С, во југоисточниот крај до 15°С, а на повисоките места до 10°С.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 10:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега