ВРЕМЕ: Температурите почнаа да одат во минус

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Од денеска следува период на стабилно и посвежо време. Ќе дува слаб до умерен и повремено засилен северен ветер. Утре утринските температури наместа ќе се спуштат и под нулата.

 

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 00:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега