Почна иницијативата за отварање театар за деца во Штип

 

Советот на општина Штип од денес и официјално започнува со реализација на идејата за отварање театар за деца.

Елаборатот е веќе изготвен, а откако ќе биде презентиран пред штипските советници, ќе биде доставен до Министерството за култура.

Претседателот на Советот на општината Влатко Миташев изјави дека се работи за издржана идеја за која се надева дека ќе добијат позитивен одговор. 

- Создавањето на ваков театар е од голема важност за понатамошното развивање на децата. Со отварање на театар за деца ќе се создаде публика која од најмали нозе ќе може да се едуцира и правилно насочува, рече Миташев.

Пред две години во Штип се одржува Фестивал за деца и младинци.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 18:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега