Над 10 илјади повици досега на „Ало докторе“
Вкупно 10.303 повици на телефонската линија Ало докторе, откако започна да функционира оваа програма.
Дваесет и двајца доктори се достапни за здравствен совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија .
На сите лица кои се јавија на телефонската линија Ало докторе!, им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.
Денес од 18 до 22 часот ќе биде дежурен др.Милан Ристевски, директор на Институтот за радиотерапија и онкологија, а утре на 21.11.2014 година др.Славица Шубеска Страткова од Клиниката за ендокринологија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа