Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ во посета на Македонија

 

Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Патрик де Русиер, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Македонија. 

Генерал Русиер ќе биде пречекан со високи воени почести и ќе има средби со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески и со министерот за одбрана Зоран Јолевски.  За утре се планирани средби со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Поповски. Предвидени се и средба на делегации од ГШ на АРМ и Воениот комитет на ЕУ. 

Покрај унапредување на понатамошната соработка со Воениот комитет на ЕУ, пред делегацијата на ЕУ ќе биде презентирана трансформацијата на АРМ и учеството во мисиите предводени од НАТО и ЕУ, соопшти македонското Министерство за одбрана.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега