Внимавајте - коловозите се влажни
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози, соопшти Автомото сојузот на Македонија во извештај за состојбата на патиштата во 18 часот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Оцени ја веста
19.11.2014 - 18:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа