Мемети ќе се сретне со децата правобранители од Тетово, Куманово и Гостивар

 

Народниот правобранител Иџет Мемети денеска ќе се сретне со децата правобранители од основните училишта од Тетово, Куманово и Гостивар.

Тема на средбата ќе биде Светскиот ден за превенција на злоупотреба и насилство кон децата и проблемите со кои се соочуваат правобранителите во нивното работење во училиштата.

Средбата е во рамки на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“, финансиран од Детската фондација „Песталоци“, а го реализира Коалицијата на младински организации СЕГА. 

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега