Прогласени најдобрите скопски кафеани за 2014
Рестораните "Уранија", "Венето" и "Фиш" се прогласени за најдобри ресторани во Скопје за годинава, а од гостилниците "Носталгија", "Старо буре" и "Канцона". Ова се резултатите од проектот "Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите за 2014" на Град Скопје кој веќе седма година по ред се спроведува во соработка со Агенцијата „SWOT RESEARCH" во кое тајни муштерии ја оценуваат работата на персоналот и угостителските објекти во главниот град. Од ресторанот "Уранија" велат дека ова признание за нив претставува сатисфакција, но и поттик за да останат на врвот.
18.11.2014 - 23:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа