„Блеснува" уште една плажа - Дојран активно се подготвува за идната сезона

 

По само два месеца од завршувањето на годинашнава сезона, општина Дојран активно да се подготвува за следното лето, со цел планираните проекти и сите нови содржини да бидат завршени пред пристигнувањето на туристите. За ова денеска информираше градоначалникот Борче Стамов, овој период ќе биде искористен за уредување на крајбрежјето и подобрување на целокупната инфраструктура. Покрај Градската плажа, која годинава доби нов лик, идното лето туристите ќе ја имаат и плажата Карач на која моментно интензивно се работи.

-На плажата Карач, чија должина изнесува 150 метри, останува да се завршат уште ситните работи за дотерување и веќе на пролет со градската плажа ќе биде ставена во функција, рече Стамов кој потенцира дека континуираните инвестиции и збогатената понуда со културни и забавни содржини придонесоа годинава да бидат реализирани 175.000 ноќевања или 40 отсто повеќе од лани. 

18.11.2014 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега