Срби доаѓаат во Македонија по сперма?!

 

Брачни двојки од Србија посетувале лаборатории за вонтелесно оплодување преку донирани полни клетки во Македонија. На ваков акт се решиле поради тоа што во Србија законот ова не им го дозволува. 

Од друга страна законот во Македонија дозволува донирање на полни клетки (сперма). Токму поради ова четириесет и тригодишната Ивана Симиќ по осум години неуспешни обиди да зачне бебе, решението го нашла во Македонија и таа сега е во третиот месец на бременоста. 

Таа и нејзиниот сопруг, слушнале дека Македонија е една од земјите во која постојат клиники каде има лаборатории за вонтелесно оплодување со помош на донирани полни клетки.

„Блиц“, меѓу другото, наведува дека донирана јајце клетка се купува за 3.400 евра а „позајмениот“ сперматозоид чини само 200 евра.

18.11.2014 - 12:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега