Албанците ќе одмораат на Денот на албанската азбука
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ, 22 ноември, сабота, Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.
18.11.2014 - 12:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа