Од четврток доаѓа студ - ќе вее и снег
Вторник ќе помине во претежно облачно време. Појава на слаба котлинска магла и ниска облачност ќе го одбележат претпладнето од овој ден. Попладне постепено ќе потпаѓаме под циклонско влијание кое ќе резултира со дожд во западните и севернитеделови од земјата. Овие врнежи ќе се интензивираат во текот на ноќта, но не се очекуваат особени количини на дожд. Југоисточниот регион очекува сосема слаб и повремен дожд.
Минималната температура ќе биде во границите од 6°С до 11°С. Максималната пак, ќе има вредности од 13°С на повисоките места до 17°С во јужниот регион.
Среда ќе биде уште потопла од вторник. Минималната температура ќе има вредност од 8°С до 14°С. Дневниот максимум на температурата ќе биде за околу 1°С повисок во однос на вторник и ќе достигне вредност до 18°С во гевгелискиот регион.
Во текот на денот се очекуваат повремени и локални врнежи од дожд, но и кратки повремени сончеви периоди. Ноќта ќе донесе умерен северозападен ветер кој паќ ќе помогне за разведрување на небото.
Четврток е денот кој ќе го донесе заладувањето. Северниот ветер кој ќе значи и доаѓање на значително постуден воздух, ќе го намали максимумот на температурата за околу 5°С.
Утрото ќе биде значително посвежо, со минимална температура која низ котлините ќе има вредност околу 5°С, а на повисоките места околу 2°С. Дневниот максимум на темпратурата ќе има вредност околу 12°С во поголем дел од населените места низ котлините, додека на повисоките места тој ќе има вредност околу 8°С.
Во текот на денот ќе има умерена облачност, но со подолги сончеви периоди. На високите места можни се врнежи од снег.
Убавата страна на заладувањето е што ќе донесе метеоролошки услови кои се поволни за намалување на концентрацијата на загаден воздух.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа