Во ЕУ сакаат 63% од граѓаните на Македонија

 

Највисок приоритет во безбедносната политика за што постои јасен консензус кај сите политички субјекти е интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, покажуваат резултатите од направеното испитување на Факултетот за безбедност - Скопје пред одржувањето на Самитот на НАТО во Велика Британија за мислењето на граѓаните за безбедноста и безбедносните закани по државата. Со испитувањето биле опфатени 1.167 граѓани во 37 општини во Макеоднија на возраст од 18 до 66 години.

Над 81 процент од испитаниците, се изјасниле за членство во НАТО, а само 19 проценти се против интеграцијата на земјата во Северноатлантската алијанса.

За разлика од НАТО, над 68 проценти се изјасниле „за“, а 32 проценти против зачленувањето на Република Македонија во ЕУ.

- Пресудно за граѓаните е членството во НАТО, но за да се постигнат резултати во реформите потребни се финансиски средства, затоа зголемувањето на буџетот за одбраната и безбедноста може доста да влијае кон подобра  безбедност. По потпишаниот договор за стратешко партнерство во областа на безбедноста меѓу Република Македонија и САД, самите граѓани високо го почитуваат договорот со што се изјасниле позитивно за неговото влијание кон безбедноста на земјата, за разлика од можноста за јакнење на сојузништвото на Македонија со Русија, Индија и Кина. На дел од испитаниците таков тип на партнерство или не им е познат или не го поддржуваат со што се потврдува евроатлантската ориентација на самите граѓани и нејзините институции односно безбедносната политика, стои во резултатите од испитувањето на јавното мислење. 

Најголем дел од испитаниците позитивно се изјасниле за тоа дека  влезот на Македонија во НАТО ќе влијае кон зголемување на безбедноста, модернизацијата на АРМ, ќе ја намали опасноста од надворешни напади и ќе го зголеми приливот на странски инвестиции. Мал процент од анкетираните, се подвлекува, сметаат дека членството во Алијансата ќе доведе до загуба на националниот идентитет на македонскиот народ, загуба на суверенитетот и независноста и ќе ја принуди земјата да се откаже од името Република Македонија.

Според добиените податоци, испитаните граѓани главно се согласуваат дека НАТО ќе има значителна улога во овозможувањето развој на инфраструктурата, ќе ги исклучи конфликтите со соседните земји, ќе обезбеди партнерски однос на помалите со поголемите армии односно држави, но се констатира дека се зголемува ризикот од терористички напади.

Еден од заклучоците од  направеното испитување од Факултетот за безбедност-Скопје пред одржувањето на Самитот на НАТО во Велика Британија за мислењето на граѓаните за безбедноста и безбедносните закани на Република Македонија, е оти постојат разлики во ставовите на младите и на постарите лица во однос на функционирањето на безбедносниот систем и каде тие се наоѓаат во генералната безбедносна политика на земјата.

18.11.2014 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега