Свечено отворање на манифестацијата „Денови на доживотно учење“

 

Во Скопје денеска ќе биде отворена 11. манифестација „Денови на доживотно учење“ чија цел е да се промовира доживотното учење и да се подигне свеста во општеството за неговата важност.

Планирано е во рамки на манифестацијата да се одржат серија настани во Скопје, Битола, Неготино, Струмица и Тетово.

На отворањето најавено е присуство на министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Организатори на манифестацијата се Центарот за доживотно учење и Центарот за образование на возрасни.

18.11.2014 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега