Се повеќе српски девојки се принудени да доаѓаат во Македонија по сперма

 

 

 

По три неуспешни обиди за вонтелесно оплодување, 43-годишната Ивана Симиќ од Белград останала без можност да добие дете. Нејзина последна шанса била Македонија бидејќи Србија не дозволува донирање на сперма и јајце-клетки на сопствена територија.

Ивана  вели дека таа и нејзиниот сопруг се само една од многуте двојки кои ја бараат среќата во Македонија. Велат дека во земјава има добри лекари и одлични клиники каде по загубената надеж во Србија, можете да дојдете до посакуваното дете.

Тие дури по осум години дознале дека проблемот е во сопругот Дејан поради лошиот материјал на неговите сперматозоиди што и било препреката да станат родители.

Сепак, не се откажале од желбата за дете. Слушнале дека во Македонија постојат добри лекари и лаборатории за вонтелесно оплодување кои работат со помош на донирани полови клетки.
Во Скопје од првиот обид успеало оплодувањето со донирана сперма, и Ивана забременила.

Поради спороста на државата, двојките од Србија, како Ивана и Дејан, кои немаат свои полови клетки, се принудени на вонтелесно оплодување да патуваат во Македонија, Чешка, Унгарија, каде во болниците за вонтелесно оплодување донорски јајце-клетки можат да се купат за 3.400 евра, додека „позајмувањето“ сперматозоиди чини 200 евра.

18.11.2014 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега