Општина Аеродром ќе добие подземни контејнери
Започнаа активностите за изградба на систем за подземни контејнери за селектирање на отпад во општина Аеродрoм.
Поземни контајнери ќе бидат изградени на три локации во општината и тоа пред ТЦ „Три бисери“, зад ТЦ„ Бисер“ и спроти ОУ„ Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски истакна дека е ова втора општина по ред во која ќе има подземни контејнери, активности за такви контејнери досега имало и во општина Кисела Вода.
-Овој проект заеднички го прави Градот Скопје, општина Аеродром и ЈП„ Комунална хигиена“, по една третина ќе финансираме сите. Вкупната вредност на проектот за сите три општини Кисела вода, Аеродром и Гази баба ќе чини 6.600.000 денари, образложи Трајановски.
Трајановски истакна дека проектот е многу успешен и бил започнат пред 3 години, а граѓаните одлично го прифатиле.
Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски рече дека со изградбата на подземни контејнери ќе се подобри живтната средина, а ќе се подигне и нивото на хигиена во општината.
Тој истакна дека ќе продолжат со ист интензитет и наредната година и ќе бидат утврдени нови дополнителни три локации на кои ќе бидат постевени подземни контејнери.
Директорот на ЈП„ Комунална хигиена“ Ракип Дочи потенцираше дека со воведувањето на подземните контејнери ќе има многу придобивки.
-Не се гледа отпадот, не доаѓа до расфрлување бидејќи истиот е под земја при пребарување на неформалните собирачи. На површинат има убава гледка т.е убаво дизајнирани садови, истакна Дочи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа