Расплет на случајот Дениса Маркоска: Семејството ги доби конечните резултати од македонските вештаци
„Министерството за здравство денеска ги доби резултатите од иследувањата на Институтот за судска медицина во врска со случајот на Дениза Маркоска, и за истите го извести семејството.
Заради заштита на приватноста и почит кон семејството, оставаме на семејството да одлучи дали за резултатите ќе биде информирана јавноста“ - стои во соопштението кое денеска го објави Министерството за зравство.
Извори од семејството велат дека и анализата на македонските вештаци потврдила дека станува збор за телото на Дениса. Како настапила смртаа се уште нема точни информации.
Прилепчанката пред два месеци исчезна од бродот Серенисима на кој работеше како персонал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа