Поскапе најголемиот паркинг во Скопје

 

Поскапе паркингот кај хотелот “Холидеј ин” со кој стопанисува ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор. Отсега граѓаните ќе плаќаат 30 денари за првиот час, а за секој нареден по 20 денари. Пред поскапувањето овој паркинг беше најевтин во центарот на градот. За првите три часа паркирањето чинеше 40 денари, а секој нареден по 20 денари, пренесува Вест.

Поскапувањето е направено за да се приближи цената за паркирање со онаа во катната гаража Разловечко востание, која беше отворена пред неколку месеци, каде за еден час се наплатува 30 денари.

“Бидејќи стопанисуваме со двата паркинзи моравме колку-толку да ги израмниме цените. Сепак и покрај малото поскапување овој паркинг е најевтин во строгиот центар на градот”, вели Цветко Грозданов, директор на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор.
Со новите цени месечниот билет за овој паркинг е 1.770 денари, а годишниот 14.160 денари. Цената за паркирање автобуси е 200 денари за првиот час, а секој нареден по 100 денари.

17.11.2014 - 14:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега