Штипјани наскоро ќе си добијат нова Зоолошка
Во скоро време штипјани ќе можат да шетаат низ новиот зоолошки парк кој е планиран да се изгради во месноста Сутлак. Објектите каде што е планирано да бидат сместени животните се или готови или во завршна фаза.
Целосно е уреден околниот простор, а целата инвестиција е на ЈП Исар. 35-те видови домашни и диви животни и птици се обезбедни преку спонзорство на штипски фирми.
Иако зоолошкиот парк се наоѓа во непосредна близина на станбените објекти, директорот на ЈП Исар, Ангел Бојаџиев уверува дека околните жители немаат причина да бидат загрижени, зашто при изградбата се запазени еколошките норми.
- Сите овие живеалишта за животните се вклучени во канализацијата, така што нема да има никаков проблем. Сето ова е работено е според нависоките стандарди - додаде Бојаџиев
Зоо паркот е замислен како детско катче на отворено, со мини езеро и летна училница за часови во природа, а единствен во источниот дел од земјава. Влезниците ќе бидат по симболична цена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа