Направени над 20 успешни операции на државната кардиохирургија

 

Седумдесет годишен пациент имаше успешна операција на срцето, извршена синоќа од страна на србскиот доктор Милан Цирковиќ, пренесува Канал 5.

Тој веќе два месеци престојува и работи со тим на македонски доктори за операција на срце. 

Закажувањето во државната кардиохирургија е преку системот „Мој термин“.

За операцијата има целосно нова опрема, а просториите на новата државна кардиохирургија се во Клиниката за кардиологија.

Инвестицијата чини 43 милиони денари од буџетот на министерството. Новите простории се очекуваат да бидат готови до крајот на годината.

16.11.2014 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега