Јакимовски: Жерновски ми праќа шпиони

 

СДСМ и нивните коалициони партнери и понатаму продолжуваат со својата деструктивна политика. Последен во низата предизвикани инциденти е настанот во општина Карпош пред неколку дена.

Лицето Никола Савовски кое го предизвика инцидент на 23-та Седницата на Советот на Општина Карпош одржана на 12.11.2014 година, лажно претставувајќи се како новинар од дневниот весник Вечер, е жител на Општина Центар, син на Ратко (вработен во администрацијата на Општина Центар) и Лилјана Савови. Никола Савов е прв братучед на Наташа Савова и е во редовен работен однос во Паркинзи на Општина Центар.

Градоначлникот Јакимовски реагираше дека не е коректно Жерновски да му исспраќа шпиони во општината. Против ова лице ќе биде поднесена кривична пријава, како и против Магдалена Несторовска, член во Советот на Општина Карпош која го осмисли и режираше целиот инцидент.

Андреј Жерновски како Градоначалник и работодавец на овие лица, наместо да ги решава проблемите во Општина Центар, а докажа дека не е способен за тоа, уште еднаш ја покажува својата некоректност и неколегијалност со тоа што праќа свои вработени и соработници да прават инциденти во Советот на својата соседна општина.

14.11.2014 - 14:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега